Пилотот кој тврди дека имал хомосексуална афера со Џон Траволта, сега ги тужи адвокатите на филмската ѕвезда.
Даг Готерба вели дека добил закани од правниот тим на Траволта бидејќи јавно проговорил за „жешката“ врска што, наводно, ја имале во 1980 година.
Тој ги тужи адвокатите на актерот, откако го обвиниле за кршење на договорот за доверливост. Меѓутоа, пилотот тврди дека не потпишал никаков договор за доверливост, а со оглед на тоа, може слободно да зборува за романсата меѓу него и актерот и дека со тоа не прави ништо лошо.
Адвокатот на Траволта, Марти Сингер го отфрли случајот, велејќи дека Готерба само ги бара своите 15 минути слава. Тој додал дека е сигурен оти овој случај ќе биде едноставно решен, бидеjќи Даг, според зборовите на адвокатот, има неоснован случај.
Годинава, исто така, тројца масери ја обвинија ѕвездата на филмовите „Палп фикшн“ и „Брилијантин“ за сексуални напади. Две од обвиненијата веќе се одбиени. [John Travolta sued by alleged former secret lover]