Зошто озборуваме? Изгледа поради тоа што е важен начин за собирање на малите групи заедно. Во изминатите години психолозите започнаа да го истражуваат обзборувањето, прво да дефинираат што е тоа а што не е, за потоа да истражуваат зошто тоа се случува.
Зошто озборуваме? Изгледа поради тоа што е важен начин за собирање на малите групи заедно. Во изминатите години психолозите започнаа да го истражуваат обзборувањето, прво да дефинираат што е тоа а што не е, за потоа да истражуваат зошто тоа се случува.
Зошто приватните информации за другите луѓе претставуваат толку слатко искушение за нас? Психологот Robin Dunbar од универзитетот во Ливерпул, тврди дека озборувањето е механизам кој ги поврзува социјалните групи заедно.
Делењето на некоја “озборувачка“ информација со друго лице, претставува знак на длабока доверба, верувајќи дека соговорникот нема да ја злоупотреби чувствителната информација која на крај би имала негативни последици за оној што ја кажува. Тоа е еден вид на тајна, но не е длабко поврзана со приватниот живот на тој што ја кажува, туку повеќе е наклонета кон другите.
Озборувањето е дел од нашата култура и е тесно поврзано со нас самите. За некои озборувањето е начин на преживување. Луѓето го користат озборувањето за да им се придружат на други луѓе притоа изнасувајќи информации кои што не мора да бидат точни. Понекогаш луѓето плашејќи се од другите, ги озборуваат, мислејќи дека со тој потег им враќаат.
Луѓето сакаат да слушаат за туѓите проблеми, иако некои од нив нема да бидат точни. Нив им е мило што не се дел од тоа озборување.
Најдобрата вест е тоа што озборувањето е најдобрата самоодбрана во многу случаи, што најчесто знае да уништи многу животи. Со новите технологии, може да се озборува и од најодалечените делови на земјата. Технологијата направи да е возможно комплетно да им се уништи животот на одедени луѓе кои не ги ни познаваме.
Најдобар пример се славните холивудски ѕвезди кои благодарение нашата љубопитност се оставени без трошка приватен живот.