Жените имаат поголеми шанси да родат здраво бебе, ако повеќе пати пред бременоста биле изложени на спермата на нивниот партнер. На тој начин имунолошкиот систем на жената ќе има доволно време да изгради толеранција на непознатите течности и на тој начин да ја поддржи бременоста, покажуваат новите истражувања.
– Сега знаеме дека во просек на жените им се потребни три до шест месеци редовен секс со партнерот за нивниот имунолошки систем да реагира исправно и да овозможи здрава бременост – изјавила професорката Сара Робинсон за Тхе Аустралиан. Робинсон е дел од тимот научници кои го спровеле ова истражување.
– Во случајов, не станува збор за веројатноста жената да остане бремена, туку за шансите бебето да биде здраво. Жените веројатно ќе имаат нормална бременост доколку редовно имале секс – додала Робинсон.
Во Велика Британија еден од шест парови има проблеми со зачнувањето, а паровите кои по две години не успеваат да направат бебе се оценуваат како неплодни.
Спонтаните абортуси, всушност, се многу почести отколку што поголемиот број луѓе сметаат. Една од осум бремености завршува на овој начин. Се верува и дека околу две третини од сите прекинати бремености се резултат на неправилните хромозоми кај бебето. [Planning a Baby? Practice Sex for Three Months, Researchers Say]