Водич за современиот Ромео

Повеќе... Debrett, британската издавачка куќа која се смета нешто како последниот збор на доброто британско однесување и манири, издаде севкупен се-во-едно водич за модерните мажи во потрага по понежна половина: од тоа каква долна облека треба да носат се до какво цвеќе да им подаруваат на своите избранички. И еве што овој водич ги советува современите Ромеовци.

kissing-couple_996548c.jpgDebrett, британската издавачка куќа која се смета нешто како последниотзбор на доброто британско однесување и манири, издаде севкупенсе-во-едно водич за модерните мажи во потрага по понежна половина: одтоа каква долна облека треба да носат се до какво цвеќе да имподаруваат на своите избранички. И еве што овој водич ги советувасовремените Ромеовци.

– Заборавете за момент на еднаквоста меѓу половите, старомодното витештво сеуште успева и жените го сакаат, а остава добар впечаток при првиот чекор што ќе го превземете. Како на пр. да и ја отворите вратата или да платите за ручекот. Отстапување на местото за седењебаш и не е неопходно, освен ако не сакате да и се допаднете на бремена или постара жена…

– Првиот состанок најдобро е да биде пијачка или вечера, така ќе имате време да одлучите дали вреди да ја продолжите вечерта заедно или тоа би било залудно трошење време. Дајте и некој комплимент, ако се помине како што треба на крајот обидете се да ја бакнете.

– Разговорот треба да биде фин баланс помеѓу зборувањето и слушањето и по секоја цена избегнете да зборувате за теми како што се пари, болести или смрт.

– Ако сакате да привлечете некоја девојка онлајн не паѓајте во искушение да се правите многу духовит со својата слика од профилот. Секако одберете некоја која ве покажува во добро светло, ама најдобро е таа да биде реалистична (без фотошоп!)

– Запаметете, онлајн чет не е замена за контакт очи-во-очи и добриот хумор.

– Долна облека за подарок: секогаш прашувајте за совет и помош при одбирањето и секогаш купете го она што таа го сака, а не она од вашите (најлуди) фантазии.

– Во спалната соба: бидете сигурни дека имате чисти чаршави, дека вашата долна облека, чорапи и списанија не се расфрлани по подот. Опуштете се (ама не премногу) со добра музика и не се брзајте.

– Ако се досега било ок па дошол моментот за запросување имајте во предвид дека три работи се најважни: добар тајминг, добра локација и самодоверба. Можете тоа да го направите на колена, ќе и се допадне тоа, а и доколку направи некоја преплашена или запрепастена  гримаса секогаш можете да се правите дека ги врзувате чевлите (значи совет повеќе – носете чевли со врвци хехе).

– Ако пак, од друга страна, кој било случај се претвори во мала катастрофа запаметете да ја сочувате својата гордост и никогаш да не ползете понизно, да изгубите контрола и да станете агресивни или на кој било начин да се обидете упорно да направите девојката да го смени мислењето. Има уште многу риби во океанот;). 

- Реклама -