Kia ја потврди GT верзијата на Cee’d

Со објавување на прелиминарните спецификации, Kia и официјално ја потврди GT верзијата на својот европски хечбек.

Како и што се претпоставуваше, механиката за оваа перформансна изведба на новата генерација на Cee’d води потекло од кругот на посетното семејство – Hyundai Veloster, чиј 1,6 литарски турбо мотор е засилен на 204 коњски сили и максимални 265 Nm, a она што не се претпоставуваше е дека овој мотор ќе биде наменет и за двете каросериски верзии на европскиот хечбек на Kia, Cee’d и Pro_cee’d. Спарен со шестстепен мануелен менувач, овој напреден бензински мотор со директно вбризгување на горивото ќе овозможува забрзување до 100 km/h за 7,9 секунди, додека максималната брзина не е објавена.

Од стандардните верзии на Cee’d/Pro_cee’d, GT варијантите ќе се разликуваат со поагресивниот дизајн со различна маска, нови дневни светла, светла за магла, браници и заден дифузер, како и со подобреното ослонување со 18-инчни тркала и црвени кочни клешти, додека внатрешноста е спортски облагородена со поинакви употребени материјали, Recaro седишта и алуминиумски педали.

Производството на Kia Cee’d/Pro Cee’d GT, кое ќе биде организирано во словачката фабрика, ќе започне од средината на мај идната година.

- Реклама -