31-годишната дилема на синот на Владимир Набоков, Димитри, дали да ја послуша посмртната желба на таткото и да го изгори неговиот последен ракопис „The Original of Laura“ доби неочекувана пресвртница, според зборовите на Димитри неговиот покоен татко му се појавил во сон и со ироничен тон му рекол „Ти повторно заглави во старата збрка – едноставно продолжи напред и објави ја“.

Со ова е завршена 31-годишната стара дилема на семејството Набоков (прочитајте за тоа повеќе тука).
Негирајќи ја последната желба на таткото гледано историски Димитри и прави голема услуга на светската книжевност, а ако земеме во предвид дека тој на татковата желба се оглуши и претходно објавувајќи го во 1986 година англискиот превод на романот Волшебник, кој Набоков го напиша под псевдонимот В.Сирин, не прави нов престап.
Тајната нема да исчезне, ракописот ќе биде објавен и додаден на долгиот список библиографија на Владимир Набоков, контраверзниот руско-американски романописец, поет и преведувач, автор на славниот роман Лолита, а името на неговиот син ќе стои до уште еден познат неизвршувач на последни желби, Макс Брод, човекот кој ги спаси делата на Кафка. (Thnx, Кристина)