Наполи ја прегази Пескара (5-1) (видео)

Наполи го задржа чекорот со Јувентус во трката за првото место во Серија А, успевајќи да слави со 5-1 над Пескара во рамките од 15. коло од Серија А. И без помошта на Горан Пандев, кој се уште е повреден, „наполитанците“ лесно го скршија отпорот на најслабиот тим во Калчо-лигата, пет пати сместувајќи ја топката во мрежата на гостите. Илнер ја отвори серијата погодоци, потоа прецизен беше и Хамшик, за во второто полувреме во листата на стрелци да се запише и Кавани (два гола), пред со својот втор погодок точка на натпреварот да стави Швајцарецот Илнер.

По денешниот триумф, Наполи повторно заостанува само два бода зад лидерот Јувентус. Горан Пандев се наоѓа во завршна фаза од рехабилитациската програма и би требало да се врати на терените следниот викенд, на гостувањето против својот поранешен клуб Интер.

- Реклама -