Последното необјавено дело на еден од најголемите писатели на 20 век, Владимир Набоков, е во опасност да биде изгорено, како исполнување на последната желба на авторот. Набоков побарал во својот тестамент неговиот последен недовршен роман The Original of Laura да биде уништен, заради стравот да не биде погрешно сфатено делото кое го завршил во својата глава, но не успеал тоа да го направи на хартија.
Последното необјавено дело на еден од најголемите писатели на 20 век,
Владимир Набоков, е во опасност да биде изгорено, како исполнување на
последната желба на авторот. Набоков побарал во својот тестамент
неговиот последен недовршен роман The Original of Laura да биде
уништен, заради стравот да не биде погрешно сфатено делото кое го
завршил во својата глава, но не успеал тоа да го направи на хартија.
После 30 години од смртта на Набоков ова прашање и најголема
литературна дебата на нашето време повторно се актуелизира откако
неодамна последниот жив наследник на ова дело кое досега недопрено
лежеше во депоата на швајцарската банка, синот на Набоков – Димитриј,
објави дека е спремен да ја исполни посмртната желба на таткото.
Димитри Набоков – единствениот кој имал можност да го прочита ракописот го опишува романот како најбрилијатното, најоригинално и потенцијално најрадикалното дело на [[Vladimir_Nabokov | Владимир Набоков]], чиј роман Лолита е едно од најголемите ремек-дела на 20 век. Неговиот син, ја носи во себе големата одговорност за судбината на ова потенцијално ремек дело од големиот мајстор, од 1991 година, кога неговата мајка починала без да даде одговор на оваа дилема. Неодамна Димитри, 73-годишен бивш оперски пеач ја објави својата решеност да ја исполни желбата на својот татко во разговор со еден литературен критичар кој вклучувајќи ги и фановите на Набоков продолжи да се одвива на овој линк.
Ќе бевме многу посиромашни за голем број ремек-дела доколку ваквите желби на голем број писатели биле остварени, никогаш немаше да уживаме во прекрасните романи на Франц Кафка, на пример, доколку неговиот пријател Макс Брод ја оствареше неговата желба да изгори се што напишал. Дали тоа ќе се случи и со The Original of Laura, која според зборовите на Димитри е најконцентрираната дестилација на креативноста на неговиот татко, наскоро ќе дознаеме.