Еелектричниот модел Leaf на Nissan постави нов рекорд, овој пат тоа е најголемиот конвој од електромобили што некогаш се појавил. На патеката Силверстоун се нашле 225 возила од моделот, со што е подобрено најдоброто претходно достигнување од 218 автомобили во низа.
Само пред неколку дена, во Јапонија започна продажбата на обновената верзија на Nissan Leaf, кој со своите над 43.000 реализирани парчиња е најпродаван автомобил со електричен погон во светот.
Главните промени во новата верзија на Leaf се поврзани со промоцијата на нова базна верзија-S, воведување на кожни преслеки за седиштата за седиштата, нов аудио од BOSE, систем за видео надзор околу возилото Around View Monitor, подобрување на перформансите на системот за регенерација на енергија, нов поефикасен систем за греење, намалена за 80 килограми тежина и зголемена автономија од 228 километри.