Британската осигурителна компанија Warranty Direct објави листа на 10 најсигурни и на исто толку најнедоверливи автомобили за последните 15 години.
Фирмата Warranty Direct направи навистина содржајно испитување, нејзините експерти вреднуваа повеќе елементи не само бројот на дефектите на некој автомобил, туку и неговата вредност, километража, години на употреба, како и времето на употреба.
Специјалистите анализирале повеќе од 200.000 осигурителни полиси од 1997 година, кога компанијата создала индекс за доверливост (Reliability Index), па сѐ досега. Во него спаѓаат над 450 модели, а како најсигурен се покажал Mitsubishi Lancer, произведен од 2005 до 2008 година, кој добил само 6 казнени поени.
Топ 10 на најсигурни автомобили:
- Mitsubishi Lancer (2005-2008) 6
- Vauxhall (Opel) Agila (2000-2008) 8 3.
- Suzuki Alto (1997-2006) 9
- Toyota Aygo (2005 -) 10
- Honda HR-V (1998-2006) 16
- Volvo S40 (1997-04) 16
- Mazda MX-5 (2005 -) 19
- Mercedes E Class (2006 -) 20
- Toyota Yaris (1999-2003) 20
- Honda Jazz (2001-2008) 21
Од Warranty Direct прецизираат дека вредноста на поправката кај луксузните автомобили има огромно влијание врз нивниот пласман, па затоа немаат премногу доверба кај сосптвениците. Таков е случајот со Mercedes-Benz SL, кој не се расипува толку често, но трошоците за неговата поправка го чинат недоверлив и го вбројуваат на негативната листа.
Топ 10 на најнедоверливите автомобили:
- Audi RS6 (2002-11) 1.282
- BMW M5 (2004-11) 717
- Mercedes-Benz SL (2002 -) 555
- Mercedes-Benz V-Сlass (1996-2004) 547
- Mercedes-Benz CL (2000-07) 521
- Audi A6 Allroad (2000-05) 502
- Bentley Continental (2003 -) 490
- Porsche 991 (2001-06) 442
- Range Rover (2002 -) 440
- Citroen XM (1994-2000) 438