Основачот на SpaceX планира колонизација на Марс

Елон Маск е брилијантен човек, но и доста луд. Тој веќе одбрал локација за колонија на Марс во која ќе можат да се сместат 80.000 луѓе. Со оглед на тоа што NASA штотуку го слета Curiosity Rover, ова би можело да биде избрзување.

Оваа колонија е далеку од реалност, но Маск веќе подготвува планови. Колонијата би започнала во мал размер, со само 10 луѓе, но 8.000 експедиции подоцна, со летови од по 10 луѓе таа ќе ја достигне својата целна популација. На овој начин ако првата експедиција е катастрофа, останатите 79.990 луѓе ќе избегнат сигурна смрт.

А на колонизаторите ќе им бидат потребни и тони опрема – градежни материјали за изградба на проѕирни куполи под кои тие ќе можат да одгледуваат жетви, како и машини за создавање на ѓубриво. За да ги однесе колонизаторите до Марс, SpaceX планира да изгради ракета која ќе може да се користи повеќе пати, базирана на Falcon 9 – ракетата со која беше лансиран Dragon.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Според првични проценки, целиот план ќе чини неверојатни 36 милијарди долари што е мала сума со оглед на тоа што во моментов не постои начин за подржување на живот на Марс. Ако сте заинтересирани, започнете да штедите. Билет за колонизација на Марс ќе чини 500.000 долари.

Она што е изненадувачко е што според Маск ова е разумна сума, но дали воопшто постојат 80.000 луѓе кои би биле подготвени да платат половина милион долари за еднонасочен пат до Марс? [Huge Mars colony eyed by SpaceX founder]

- Реклама -