Бетис го изненади Реал Мадрид (видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид доживеаја непријатен пораз (1:0) на гостувањето во Севилја против Бетис, по што неизвесна е и судбината на Жозе Мурињо на клупата на „Кралскиот клуб“.

Бeнaт во 17.минута успеа со удар од дваесетина метри да го совлада Икер Касиљас, а напаѓачите на Реал Мадрид овојпат не беа во посакуваниот елемент за да направат пресврт за триумф на оваа средба.

Ова е веќе трет пораз на Реал Мадрид на 13 натпревари во Примера дивизион оваа сезона, по што сериозно е разнишана и довербата во тренерот Жозе Мурињо.

Барселона која вечерва му гостува на Леванте со евентуална победа ќе избега на огромни 11 бода предност, а Реал е сѐ подалеку и од второто место, на кое сега се наоѓа градскиот ривал Атлетико Мадрид со пет бодови позитива.

Утре „Јорганџиите“’ ја пречекуваат Севилја и евентуален триумф би ја зголемил нивната предност пред „Кралевите“ на големи осум бода разлика.

- Реклама -