Мексес со најубавиот гол во ЛШ сезонава (видео)

Десетина дена откако Златан Ибрахимовиќ постигна незаборавен погодок во дресот на Шведска, во ист стил одговори и Филип Мексес.

Дефанзивецот на Милан беше стрелец на гол за паметење, сигурно еден од најубавите во историјата на Лигата на шампионите, откако ја прими топката на градите, а потоа со ножички го матираше голманот на Андерлехт од работ на шеснаесетникот.

- Реклама -