Луѓето сакаат секс повеќе од Facebook

Еве уште едно неверојатно и изненадувачко откритие: луѓето сакаат секс повеќе од Facebook. Ако вашата прва реакција беше „Нормално“, можеби не сте знаеле дека претходно неколку стидии го наложувале спротивното.

Во претходна студија на University of Chicago Booth School of Business открила дека проверување на социјалните медиуми како Facebook и Twitter е искушение кое е многу тешко да се одолее, дури и ако постои можност за секс.

Но оваа нова студија на University of Canterbury во Нов Зеланд открива дека сексот е активност во која луѓето уживаат најмногу, повеќе дури и од проверување на Facebook. Предводникот на студијата, Карстен Грим, изјавил: „Психолозите предложуваат дека индивидуите сакаат да го подобрат своето расположение, со задоволство, зафатеност и значење.“

Прочитајте и:  Камдом - кондом за дигиталното време

Научниците ги употребиле овие три категории – задоволство, зафатеност и значење – за да видат која активност носи најмногу среќа и сексот бил на прво место во сите три категории. Сексот бил најпопуларна активност, пред пиење алкохол и доброволна работа, додека најнепопуларни активности биле болест, користење на Facebook и чистење. [This just in from the University of Useless Studies: We love sex more than housework]

- Реклама -