Не сметајте го доењето како природна контрацепција

Постојат многу митови за доењето и контрацепцијата. Многу луѓе и ден денеска сметаат дека доењето е природна контрацепција и дека жената додека дои не може да забремени.

Ова е чиста глупост и никогаш немојте да ја сфаќате сериозно. Oвој мит  потекнува од лошо протолкувани истражувања презентирани од многу научници.

Имено, точно е дека при доењето се излачува хормонот окситоцин – тој помага за излачувањето на млекото, исто така точно е дека оскитоцинот ја намалува плодноста на една жена, но целосно погрешно е мислењето дека додека доењето трае, односно додека окситоцинот се излачува во поголеми количини, забременувањето не е можно.

Напротив, многу жени, според истражувачите, останале бремени бидејќи биле убедени во фактот дека додека дојат немаат ризик од забременување.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Овој факт е многу важен за планирањето на семејството, па затоа за време на доењето секогаш осигурајте си дополнителна контрацепција за да не се доведете во непријатна положба.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -