Кирков: Арсовска да почне да ги реализира правните обврски, во спротивно Скопје е под закана за целосна блокада

Прес-конференција на Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје 

Данела Арсовска продолжува со своето скандалозно однесување не соодветно на  позицијата која ја има. Неодговорноста и лошото менаџирање на Данела Арсовска во Скопје, повторно излегува на виделина. Се потврдува дека Арсовска е кума на хаосот во градот Скопје.

Арсовска  сеуште не поднесе  буџет за 2025 година во законски предвидениот рок, поточно 10 декември како што велат правните норми со што го става под знак прашање целосно функционирањето на градот Скопје.

За илустрација, според  календарот, рокот во кој градоначалникот доставува предлог буџет до Советот на Град Скопје е најдоцна  10 декември. Факт е дека тој рок истече, а Данела Арсовска сеуште спие.

Ова до сега се нема случено во историјата на град Скопје и ова не одговорно однесување на Арсовска го блокира нормалното функционирање на градот.

Арсовска продолжува со обвинувањата кон  секој и сешто, и сите останати и се виновни додека таа се занимава со се и сешто, но не само со тоа  што и е нејзина работа.

Прочитајте и:  Апасиев: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

Коалицијата Арсовска-ДУИ-Левица продолжува со црни и штетни сценарија поради нивни лукративни причини, а штетните последици од не донесувањето на буџетот ќе ги сносат граѓаните.

Доколку не се донесе буџетот, следната година Град Скопје ќе биде блокиран и нема да можат да функционираат јавните претпријатија и установите во Град Скопје. Клучните претпријатија за градот како Комунална хигиена, ЈСП, Водовод, Градски паркинг, Дрисла, Паркови и Зеленило, Улици и Патишта ќе бидат блокирани  што во целост ќе се закочи цел град, а за тоа Арсовска мора да е свесна и мора да преземе одговорност.

Советничка група на ВМРО – ДПМНЕ ја повикува Данела Арсовска да се освести и  веднаш да пристапи кон решавање на овој проблем.

Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС-ДУИ-Левица.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -