Рјабков: Апсурдно е да се дискутира за преговори кога Украина го забранува нивното оддржување

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека е апсурдно да се разговара за преговори кога самата Украина го забранува нивното одржување.

„Можноста за преговори не е иста како укинувањето на самопрогласениот мораториум на таквите преговори што самиот Киев го воведе, затоа апсурдноста да се разгледуваат некои преговори додека се номинално забранети е веројатно очигледна за сите, освен за оние кои се занимаваат со дефинирање на политиката на Киев“, рече Рјабков.

Рјабков рече дека не мислел само на раководството на Украина, туку и на фактот дека со неа се занимаваат и се интересираат на илјадници километри од Киев.

„Кога на сите тие места ќе сфатат дека треба да почнат со она што е приоритет, тогаш веројатно ќе можат малку да внимаваат на тоа. Засега тоа не е така“, нагласи тој.

Прочитајте и:  Путин: Русија не ја заострува својата нуклеарна доктрина, туку ја унапредува

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Астана минатата недела потврди дека Русија е подготвена да преговара со Украина под условите што тој претходно ги наведе.

- Реклама -