Амбасада на САД во БиХ: Усвојте го законот за јужна гасна интерконекција и прекинете ја зависноста од рускиот гас

Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Босна и Херцеговина (БиХ) ги повика претставниците на Парламентот на Федерацијата БиХ (ФБиХ) денеска да го усвојат законот за јужна гасна интерконекција, наведувајќи дека овој проект ќе зајакнување на регионалната енергетска безбедност во БиХ и на Западен Балкан, со што ќе се стави крај на целосната зависност на БиХ од рускиот гас.

„Овој проект ќе ја зајакне регионалната енергетска безбедност во БиХ и на Западен Балкан со ставање крај на целосната зависност на БиХ од рускиот гас, зависност што ги изложува земјата и нејзините граѓани на политичка и економска уцена“, се вели во соопштението на Американската амбасада.

Оттаму додаваат дека пратениците во Парламентот на ФБиХ на денешната седница мора да донесат одлука која, според нивната оценка, ќе влијае не само на сегашните, туку и на сите идни генерации во БиХ.

Прочитајте и:  Зеленски: Падот на режимот на Асад покажа зошто успехот на светот зависи од тоа дали ќе се обедини за Украина

Посочија дека пратениците денеска ќе имаат „јасен избор“.

„Пратениците имаат јасен избор – да ги поддржат граѓаните на БиХ и нивниот иден просперитет или да гласаат за Русија и нејзините интереси“, нагласуваат од Американската амбасада во БиХ.

- Реклама -