Toyota Prius ќе добие систем 4WD

Најпопуларниот и најпродаван хибрид во светот – Toyota Prius, ќе претрпи сериозни промени. Тоа ќе се случи со следната генерација на автомобилот, што треба да ја очекуваме за околу две години.

Одамна е познато дека најпродаваното хибридно возило ќе добие сосема нов дизајн, со кој и си „поигруваат“, но според информациите од Toyota модернизација ќе има во повеќе сегменти на возилото, а не само во формата на автомобилот.

Она што особено е важно што хибридниот систем исто така ќе биде модифициран. Тој ќе продолжи да смета на 1,8 литарски четирицилиндерски бензински мотор, кој ќе биде мошнеизменет. Промени ќе има и во електричниот агрегат, кој ќе биде покомпактен, но помоќен.

Сето тоа ќе доведе до подобри динамички карактеристики, како и до помала потрошувачка на гориво. Очекувањата се следната генерација Prius да бара просечно само 3,1 l/100 km и да испушта во атмосферата под 70 g / km СО2 штетни емисии.

Уште поинтересно е дека автомобилот може да добие и систем e-4WD. Тој ќе биде управуван со четири хибридни тркала, преку дополнителен електричен мотор на задната оска. Системот ќе работи до 60 km/h.

Според тврдењата од изворите блиски на Toyota, Toyota Prius ќе ја задржи никел-метал структурата на своите акумулатори, бидејќи инженерите на марката ги сметаат за подобри од литиум-јонските.

- Реклама -