Меџити со порака до врескачите и дестабилизаторите: Изгоре лончето, претече млекото!

„Изгоре лончето, претече млекото! Албанскиот јазик не се ризикува, незаконското богатство на корумпираната клика на ДУИ стекнато на грб на Албанците ДА!“, напиша првиот вицепремиер Изет Меџити на социјалните мрежи откако ДУИ постави „стража на јазикот“ пред Уставен суд во очи седницата за Законот за јазици.

Меџити, меѓутоа, им порачува на Албанците да бидат спокојни бидејќи албанскиот јазик не е загрозен.

„Албанскиот јазик нема да се оспорува, милионите на олигарсите на ДУИ – ДА Албанскиот јазик е заштитен, коцкарските пари на корумпираната клика на ДУИ – НЕ!

За сите оние кои деновиве врескаа како избезумени за да ги исплашат Албанците и се закануваат со дестабилизација, имам еден одговор: ИЗГОРЕ ЛОНЧЕТО, ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО!

Прочитајте и:  ДУИ до Уставен: Не ја предизвикувајте демократијата, Рамковниот е темелот што ја држи обединета оваа мултиетничка и демократска држава

Бидете спокојни!“, напиша Меџити.

- Реклама -