Петрушевски: ДУИ прави политички циркус иако 20 години бира уставни судии и ги знае правните процедури и како одлучува Уставниот суд

ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, и како одлучува Уставниот суд, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус, за да го одвлечат вниманието од јавноста од тоа што 20 години ја крадеа државата.

ДУИ 20 години ги краде Албанците и Македонците, а секогаш се повикува на Албанците кога треба да краде или кога се спречени во тоа, како сега.

Стравот на ДУИ е затоа што доаѓа време за одговорност на нивните криминални функционери, кои додека продава патриотизам дебело се нафатирале, а граѓанинот Албанец и Македонец се иселил.

ДУИ се демаскирани, сите гледаат дека нивното политичко делување последните неколку месеци е само во насока на заштита на политичките криминалци кои ја ограбија државата.

Прочитајте и:  Демократски сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД, очекуваме оставки и акција од државата

Наместо да седат на ладно, подобро ќе биде да се реформираат како партија, зошто бргу од денес доаѓаат локални избори, да не им се случи уште поголемо изненадување.

Владата нема да дозволи никаква опасност по мирот. Институциите се на висина на задачата и заедно со нашите меѓународни партнери разменуваат информации, ја следат состојбата и ќе делуваат според потребата.

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -