Откриена планета скитник

Оваа сина топка е CFBDSIR2149, планета која се наоѓа на околу 100 светлосни години од Земјата и е најверојатно првата откриена планета скитник. Таа е и доста убава, со боја слична на Нептун и маса 4-7 пати поголема од Јупитер.

CFBDSIR2149 е првата планета за која астрономите од Европската Јужна Опсерваротрија се сигурни дека била исфрлена од сончев систем сличен на нашиот а не е само потенцијална ѕвезда која не успеала да ја достигне потребната маса.

Научниците откривале мали изолирани небесни тела уште од деведесетите но не можеле да утврдат дали се работи за потенцијални ѕвезди кои не успеале – небесно тело познато како „студена кафена ѕвезда“. Тие претходно не можеле да ја проучуваат возраста на тие небесни тела или пак нивната атмосфера поради нивната близина до сјајни сончеви системи.

За разлика од овие небесни тела, CFBDSIR2149 е прва шанса за детално проучување на планета скитник. Тимот, предводен од Филип Делорм од Institut de planétologie et d’astrophysique de Grenoble, CNRS/Université Joseph Fourier, Франција барал студени кафени ѕвезди кога ја откриле планетата користејќи го Very Large Telescope на ЕЈО сместен во Canada-France-Hawaii Telescope.

За разлика од кафените џуџиња ова небесно тело најверојатно е планета која била исфрлена од сончев систем поради интеракција на гравитациони сили. Се чини дека планетата е поврзана со AB Doradus Moving Group, група од околу 30 ѕвезди кои се движат со иста брзина и имаат иста возраст и состав. Астрономите веруваат дека оваа планета била исфрлена од еден од сончевите системи во таа група.

- Реклама -