Ибрахимовиќ ги растури Англичаните (видеа)

Шоуто на Златан Ибрахимовиќ ги одбележа вчерашните пријателски натпревари ширум светот. Популарниот Ибракадабра постигнувајќи неверојатни четири гола сам ги уништи Англичаните во победата на Шведска од 4:2.

Во одличен натпревар, напаѓачот на ПСЖ најпрво донесе водство за својата репрезентација во 20. минута, а потоа откако гордиот Албион стигна до пресврт со головите на Велбек и Колкир во 35. и во 38. минута, повторно на сцена стапува Ибрахимовиќ и во последните 15 минути со нови три гола донесе убедлив триумф на „Жолтите“.

Голот на сезоната

- Реклама -