Моите впечатоци од ЕXIT09

filip_popovski93p.jpg По 10 години од своето прво издание, Егзит прераснува во еден од
водечките фестивали во светот според медиумите и врз основа на
гласовите од публиката. Не е веќе само добро организиран фестивал туку
станува се пософистициран. Иако со зголемениот број на странци цените
вртоглаво растат насекаде во Нови Сад, а се разбира и на Егзит, имате
чувство дека сте на годишен одмор.


filip_popovski93.jpgПо 10 години од своето прво издание, Егзит(www.exitfest.org) прераснува во еден од водечките фестивали во светот според медиумите и врз основа на гласовите од публиката. Не е веќе само добро организиран фестивал туку станува се пософистициран. Иако со зголемениот број на странци цените вртоглаво растат насекаде во Нови Сад, а се разбира и на Егзит, имате чувство дека сте на годишен одмор.

Сепак по завршувањето на 4. ден и ‘‘слатките‘‘ болки во нозете, длабоко сте убедени дека сте направиле добра инвестиција.

Од организациско гледиште фестивалот претрпе мали промени во однос на некои од ‘‘стејџовите‘‘. Cafe del Danube каде порано можеше да се одмориш после некој напорен концерт и да се здружиш со некои од посетителите и испиеш пиво на раат, сега е заменет со Cinema City каде се прикажуваат одредени филмски проекции. Позитивна работа е тамбурашкиот ‘‘stage” каде можеше да се слушне оригиналната музика од Војводина и пошироко.

Како едно од најдобрите изненадувања беше Silent disco со холандскиот DJ O.D. каде сите имаа слушалки на ушите и ја слушаа музиката преку нив, додека останатите надвор не можеа да слушнат ништо(www.silentdisco.com). Ова беше еден од најпосетуваните делови, каде тешко можеше да се влезе од преголемата гужва.

Првиот ден започна со ‘‘почит‘‘ кон англиските посетители, па така на главната бина настапија Lilly Allen(Smile, Everything is such wonderfull, The fear…) која со своите поп хитови успеа да ги размрда присутните, Roots Manuva – во нивен класичен стил на хип хоп, Arctic Monkeys – како еден од најпопуларните MTV бендови во моментов направија расположението да го достигне максимумот свирејќи ги Brainstorm и Fluorescent Adolescent. Добрата журка продолжи со drum&bass и dub step на Caspa & Rusko, за да приврши со во моментов еден од најекспонираните диџеи Sub Focus (во моментов актуелен со хитот Rock it).

Денс арената со најдобар лајнап досега. Започна со Steve Lawler & Lee Buridge кои се претставија со енергичен трајбл звук. По нив продолжија Sasha & Digweed за кои морам да кажам дека не ми оставија некој впечаток иако се суперстар диџеи, додека атмосферата ја поправија вундеркиндот James Zabiela & Nic Fanculli(веќе неколку неколку години најдоброто дуо односно B2B) .

Вториот ден им припадна на веќе подзаборавените Manic Street Preachers од кои очекував поенергичен настап, кои благодарение на старите добри хитови го задржаа нашето внимание(The Everlasting, If you tolerate this, You stole the sun from my heart, Tsunami…). Пo нив следеа Overdrive и Corn за кои имаше мноооогу публика, но не можам да кажам дека бев присутен. Сепак заминав на Silent disco. Но, пред да се замине од главната сцена, неееее…..ДОЖД…….и те каков! Среќа долгогодишното искуство ме спреми со  шушкавец, така да бев полусув. Се вративме да ги проследиме боговите на drum&bass – Andy C, DJ Marky и Dynamite MC за кои морам да кажам дека буквално не растурија и покрај дождливото време. Потоа се упативме кон денс арената која беше претворена во огромна арена за борби во кал каде се повеќе народ доаѓаше да присуствува на одличниот B2B на Richie Hawtin & Dubfire.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Третиот ден времето се подобри, па полни со сончева/егзит енергија се упативме кон главната арена која беше преполна во очекување на Kraftwerк. Иако со изменет состав, бендот го задржал квалитетот на нивниот перформанс. Moby беше името за кое многумина беа дојдени. Изгледаше видно изненаден од преголемата посетеност. Настапи со своите најпознати хитови(кои се премногу да ги редам), а во пеењето учествуваше и прекрасниот вокал на една убава црна девојка од Бруклин. Како прв пејач од САД кој се извини за својата земја што ги направи злоделата над Србија беше поздравен со громогласен аплауз. Стар добар рејв на main stage, одлична бина и осветлување, кулминација.

 По него следеше еден од најпознатите активни дедовци на хип-хоп сцената Grandmaster Flash кој заедно со својот MC му оддадоа почит на Мајкл Џексон пуштајќи неколку од неговите хитови. Сите што беа дојдени да го гледаат и слушаат си поминаа одлично. Стариот дедица одлично ја заврши својата работа. Поради тоа што на main stage настапуваат суперстар диџеите, овој термин беше резервиран за едни од најдобрите – Fabio & Grooverider, кои се со години на drum&bass сцената и одлично го водат своето шоу на BBC Radio One.

Денс арената пак ја загреваа еден од водителите на BBC Radio One –  Kissy Sell Out заедно со брејкбитерот Alex Metric, за да продолжи со настапот на Ettienne De Crecy. По него настапи шведското дуо Swedish house mafia, Sebastian Ingrosso & Steve Angello кои буквално ја растурија денс арената таа вечер. Со познати актуелни хитови и нивните ремикси направија одлична журка. По нив настапија Eric Prydz & Adam Beyer(исто така шведска банда но во поинаков стил) кои мене не ми остави некој поголем впечаток. Слушајќи го Pryda неколку дена пред тргнување од Скопје, знаев дека пред толкава маса ќе има сосема поинаков сет. Но, како и да е одлично за да се затвори третиот ден.

Четвртиот, последен ден, настапија и Madness кои не вратија со своите хитови во минатото(Our house, Baggy trousers, My girl…) но се претставија и со песни од својот нов албум кој треба наскоро да излезе. Буквално како и во 2007година, најдобар настан а и настап имаа Prodigy. Мислам дека имаше околу 50.000 луѓе таа вечер само за нив. Ја растурија тврдината, одлична комуникација со публиката, одличен нов албум (Invaders must die). Беа нормално изведени и старите хитови на кои публиката не беше воопшто рамнодушна. Шутки, бутканици, но и покрај целата гужва публиката остана неповредена. Вентилот беше пуштен.WICKED!!! Следеа Chase & Status кои се преставија со диџеј сет, а заедно со нив настапи и Plan B кои го претставија последниот албум од 2009(More than alot).

За на денс арената можам да кажам дека отидовме накај 3:30 часот директно на класика. Darren Emerson & Sander Kleinenberg  однапред имаа спремено сет составен од постари нумери и со видео поддршка. Се редеа хитови  како Two months off, Can you feel it, It won’t do, Born Slippy.). Со одбрано интро, својот настап го продолжи the one and only – дебелкото Carl Cox, за кого  можам да додадам дека беше врвот на вечерта – Master of ceremony.

Exit 09 заврши. Одбројувањето до следниот отпочна.

Деновиве уживам во импресиите од овој магичен фестивал и се уште ги одмарам нозете со широка насмевка на лицето.

{gallery}exit09{/gallery}

- Реклама -