Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина извршила тестови на нови ракети од сопствено производство.

Зеленски на „Телеграм“ напиша дека добил извештаи од војската за резултатите од ракетните тестови.

„Можеме да им се заблагодариме на нашите украински производители на ракети. Го забрзуваме производството“, рече Зеленски, без да даде детали.

„Одржав состанок со Генералштабот. Главното прашање беа извештаите односно договорите за нашето производство на оружје во Украина. Значајна количина нови и долгорочни нарачки за беспилотни летала: дронови FPV, како и извидувачки дронови, дронови со долг дострел и ракетни дронови. Одделно и внимателно – за нашата ракетна програма. Развој, нарачка, испорака“, напиша Зеленски, цитиран од Укринформ.

Во август, Зеленски рече дека Украина го извршила првото тестирање на балистичка ракета од домашно производство.

Прочитајте и:  Фајон: Не е време за покана на Украина во НАТО
- Реклама -