Во пресрет на новогодишното празнување, локалната самоуправа на Гостивар ги прави последните подготовки за украсување на градот. Гостивар ќе добие празничен лик, а плоштадот и булеварите ќе бидат разубавени со декорации, светилки и слично.
Зависно од завршувањето на административните процедури, украсувањето би требало да почне викендов или на почетокот на наредната седмица.
„Планирано е новогодишно украсување на Гостивар. До крај на оваа недела би требало да завршат административните процедури и веќе за викендов или почеток на следната недела ќе почнеме со украсување. Ќе бидат украсени повеќе делови, централното подрачје и булеварите, што се надевам ќе придонесе да имаме убава празнична атмосфера во нашиот град.“, вели градоначалникот Ваљбон Лимани потврдувајќи дека Гостивар ќе добие празничен лик.
За новогодишното украсување на градот ќе бидат издвоени околу 3 милиони денари.