Jawbone со посилна Up алка за поекстремно користење (видео)

Jawbone Up првпат беше претставена минатата година, и имаше доста големи амбиции: Да стане направа која ќе ја носите постојано за да следи колку се движите и колку добро спиете.

Заедно со апликацијата, Up ви помага да препознаете шаблони во вашите навики за да ви овозможи да си го подобрите здравјето. Еден проблем на дизајнот е што истиот не можел да го издржи напорот поврзан со неговата намена. За разлика од телефон кој го чувате во вашиот џеб, Up се обвиткува околу вашиот зглоб и е изложен на елементите.

Многу корисници откриле дека алката се расипува доста брзо по што Jawbone го повлекле производот и им ги вратиле парите. По речиси една година редизајн и тестирање, Jawbone ја претставува Up 2.0. Иако новата алка изгледа идентично како старата однадвор, електрониката била целосно променета, со издржливост далеку над индустријските стандарди.

На пример, Jawbone ја изложиле Up алката на различни хемикалии, го тестирале, па го изложиле повторно. За тестирање на новата верзија биле потрошени вкупно 2,9 милиони часови. Новата Up алка, која има цена од 129,99 долари – 30 долари повеќе од оригиналот.

Алката е достапна во три големини и осум различни бои и беше пуштена во продажба денес на вебсајтот на Jawbone, Apple Store,  и продавниците на Best Buy и AT&T.

- Реклама -