Time to Make Things Right”, новиот албум на македонскиот бенд Беј д фиш
поради дополнително „чепкање“ на материјалот наместо кон крајот на мај
ќе излезе на самиот почеток на јуни. Причината за малото доцнење е
желбата да и се претстави на публиката вистинскиот звук на бендот во
овој период на нивното креирање.
Time to Make Things Right”, новиот албум на македонскиот бенд Беј д фиш поради дополнително „чепкање“ на материјалот наместо кон крајот на мај ќе излезе на самиот почеток на јуни. Причината за малото доцнење е желбата да и се претстави на публиката вистинскиот звук на бендот во овој период на нивното креирање.
Албумот е двоен. Во првиот се имплементирани 11 нумери, додека пак бонус албумот, засебно насловен „Music About All About” е интегрално парче музика во кое се издвојуваат дури 17 нумери. Вкупно, близу осумдесетина минути нова музика од бендот што во Македонија најверојатно најмногу експериментира со својот звук. Како издавачи на албумот се јавува најагилната македоска независна дискографска куќа ПМГ рекордингс, заедно со Круг продукција.
Обвиката за албумот е веќе изработена од страна на неколку годишниот соработник на бендот, младиот дизајнер Горан Костовски-Индог, а бендот сработи и нова фото сесија со која ја презентира естетиката која сака да ја има за ова свое издание.
На www.myspace.com/beithefish веќе подолго време слободно може да се симне првиот сингл „Livin’ in a Box“, а можат да се преслушаат уште четири нови нумери “True Story”, “SMS Song”, “French Cheese” и “Static Love”. Комплетниот траклистинг е достапен на мајспејсот на бендот.
Промоцијата на албумот е закажана за 19. јуни во летниот клуб Хавана кој во моментиве се реновира и ќе добие комплетно нов изглед. Промоцијата е планирана да биде посебно визуелно и аудио доживување за секој љубител на добрата музика.