Лица од Скопје и Прилеп затекнати на питачење во Гостивар

Полицијата вчера спровела активости за спречување на питачење на гостиварското подрачје. Како што информира СВР Тетиви во периодот од 11.00 до 15.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар постапиле согласно планот за спречување на  питачење во Гостивар и при тоа фатиле повеќе лица како питачеле.

На улица „Борче Јованоски“ биле затекнати Е.А.(36) од Скопје и М.Ш.(23) од Прилеп, на улица ,,ЈНА“ била затекната С.Т.(38) од Гостивар и на улица „Мајор Чеде Филиповски“ била затекната Џ.К.(30) од Скопје. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, извести полицијата.

Извор