Идеите на американската кантавторка Jill Sobule се одличен показател за тоа како една личност може да го смени светот. Или барем дискографската индустрија. Добредојдовте во нејзиниот свет
Идеите на американската кантавторка Jill Sobule се одличен показател за тоа како една личност може да го смени светот. Или барем дискографската индустрија. Добредојдовте во нејзиниот свет.
По затворањето на продуцентската куќа со која го постигна првиот голем успех, наместо големите компании Jill ги замоли своите фанови да и` го спонзорираат новиот албум. Својата поддршка заинтересираните можеа
да ја даваат со суми од 10 долари, за даунлоуд по објавување на
албумот, до 10 000 долари со што добиваат шанса да пеат на самиот
албум. Потоа пејачката позната по I kissed a girl и Supermodel продолжи во таа насока.
Неверојатната блискост што Jill ја создава со својата публика се забележува и преку блогот на кој пласира се` – од интимни размислувања до најинтересните предлози што фановите ги даваат за наслов на нејзините мемоари, при што не заборава да го спомне името на секој автор на досетлив наслов. Почитта што и` ја укажува на својата публика постојано го зголемува бројот на нејзините слушатели, а тоа секако не би било така кога песните на Jill не би биле онакви какви што се.
{youtube}UiSOkqCCJ6I{/youtube}
San Francisco
{youtube}XRluUWnfIsI{/youtube}
I Kissed A Girl
{youtube}k4r41vPTF8k{/youtube}
Supermodel (саундтракот на Clueless)
{youtube}uDyWRDeAhLo{/youtube}