Функционери на СДСМ на своите фејсбук-профили објавија фотографии со македонското знаме

Истото го направија и неодамна избраните потпретседателки на партијата, Каја Шукова и Кристина Косотова, како и пратениците Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јована Тренчевска. Тие своите профилни и заднински фотографии на Фејсбук ги заменија со фотографии со македонското знаме

По синоќешниот инцидент на прославата на Денот на албанското знаме во центарот на Скопје, кога граѓани го искинаа националното знаме, од утрово пратеници и функционери на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на своите профили на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии со македонското знаме, како иницијатива за оддавање чест на македонското знаме како државен симбол.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче заднинската фотографија на профилот на Фејсбук ја замени со фотографија со македонското знаме.

Профилот на Фејсбук на лидерот на СДСМ, Венко Филипче / Фото: Принтскрин

Истото го направија и неодамна избраните потпретседателки на партијата, Каја Шукова и Кристина Косотова, како и пратениците Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јована Тренчевска. Тие нивните профилни и заднински фотографии на Фејсбук ги заменија со фотографии со македонското знаме.

Профилите на Фесбук на пратениците Оливер Спасовски и Благој Бочварски / Фото; Принтскрин

И новоизбраниот потпретседател на СДСМ, Методија Илиевски, ја замени заднинската фотографија со таква со македонско знаме, исто како и пратеникот Јован Митрески.

Профилите на пратеникот Јован митрески и на потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски

Од опозициската партија уште вчеравечер ги осудија инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.

Побараа од Министерството за внатрешни работи (МВР) и од министерот Панче Тошковски итна и ефикасна реакција, со цел да се преземат сите потребни мерки за санкционирање на сторителите.

Посочија дека доследното спроведување на законите е единствениот пат за зачувување на мирот, безбедноста и довербата меѓу сите граѓани.

„Повикуваме на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации“,

се вели во соопштениот од СДСМ.

Вчеравечер по повод Денот на албанското знаме во центарот на главниот град можеше да се забележат колони возила што направија метеж во одредени населби, но имаше свирежи и пукотници.

- Реклама -