Украина нема да ја намали минималната возраст за мобилизација од 25 на 18 години, изјави советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин.
Според него, причина за ова е недостигот од оружје за веќе мобилизираните војници поради доцнење на испораките од меѓународните партнери.
Литвин реагираше на пишувањата на западните медиуми дека САД ја поттикнуваат Украина да ја намали возраста за мобилизација.
– Не можеме да очекуваме Украина да ги надомести доцнењата во логистиката со испраќање млади луѓе на фронтот, рече тој.
Претходно, американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, изјави дека Украина има потреба од човечки ресурси за зајакнување на позициите на фронтот.