Националниот џез оркестар со спектакуларен концерт во Филхармонија!


Националниот Џез Оркестар ќе одржи концерт „Golden Rock Swings”, 30-ти ноември, во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија.

„Ова ќе биде еден гламурозен концерт со прекрасни аранжмани кои се купени од Пол Енка. Гостите кои ги поканивме како вокали се сите со свои карактери и не случајно избрани“, вели директорот на оркестарот Гоце Стевковски.

„Нашиот оркестар, ќе ви ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив“.

Подгответе се за уникатно музичко доживување кое ќе ги спои најдобрите рок хитови со магијата на џезот.

На концертот ќе бидат изведени композиции од албумот на Пол Енка „ Rock Swings“. Албумот содржи нумери кои беа хитови во 80-те и во 90-те години на минатиот век, а на концертот под диригентство на Џијан Емин, ќе бидат изведени во оригиналните аранжмани, платени за овој настан.

Ексклузивни гости на концертот ќе бидат:

– Бранислав Николов од Фолтин

– Фантастичниот џез вокал Џон Илија Апелгреен

– Неверојатната Светлана Јовановска.

Дојдете и уживајте во звуците на “Golden Rock Swings” и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување.

Билетите се веќе во продажба! Може да ги набавите на следниот линк и на продажните места на MKТикетс.

- Реклама -