Георгеску негира дека сака Романија да ги напушти НАТО и ЕУ: „Сакам да имаме став, а не таму да клечиме“

Неочекуваниот победник од првиот круг на романските претседателски избори, екстремно десничарскиот Калин Георгеску негира дека сака да ги напушти НАТО и Европската унија и се чини дека омекна некои од неговите ставови во екот на протестите поради неговата победа.

Пред првиот круг од изборите во неделата, независниот десничарски политичар Георгеску (62) имаше поддршка од само 4 до 7 отсто од испитаниците во анкетите и неговата шокантна победа покрена прашања за тоа како е можно такво изненадување. Во вториот круг на 8 декември тој ќе се соочи со центристичката противничка Елена Ласкони.

Георгеску доби најмногу гласови од младите гласачи и Романците кои живеат во странство, а неговата кампања беше силно поттикната од ТикТок.

Стотици луѓе протестираа во неколку романски градови, изразувајќи незадоволство од независниот кандидат за претседател Калин Георгеску поради неговите ставови кои ги сметаат за антиевропски и поврзани со екстремистички идеи.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Георгеску претходно ги пофали романските фашистички политичари од 1930-тите како национални херои и маченици, беше критичен кон НАТО и романската проукраинска позиција и рече дека земјата треба да се ангажира наместо да ја предизвикува Русија.

„Не сакам да го напуштам НАТО, не сакам да ја напуштам Европската унија. Меѓутоа, сакам да заземам став, а не да клечиме таму, да не прифаќаме се, како што реков, треба да сториме се што е во наш национален интерес“, објави синоќа Георгеску на својот фејсбук профил.

- Реклама -