Словачкиот премиер Фицо „со задоволство“ ќе присуствува на прославата на Путин на 80-годишнината од победата над нацизмот

Словачкиот премиер Роберт Фицо, еден од ретките европски лидери кои останаа блиски со Кремљ, денеска најави дека ќе ја посети Москва во мај 2025 година за да ја одбележи 80-годишнината од победата над нацизмот.

„Со задоволство ја прифатив официјалната покана на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, да учествувам на овие важни прослави“, напиша Фицо на Фејсбук.

Тој рече дека е „врзан за наследството од борбата против фашизмот, за историската вистина за Втората светска војна и за улогата на Црвената армија во неа“.

Роберт Фицо, кој е на чело на земјата со 5,4 милиони жители, членка на ЕУ и НАТО, одлучи да ја прекине сета воена помош за Украина од минатата есен.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Тој повикува на мировни преговори со Русија, како и неговиот унгарски колега Виктор Орбан, единствениот лидер на ЕУ кој одржува блиски врски со Кремљ од почетокот на руската инвазија на Украина.

Во мај во Москва ќе престојува и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Кремљ соопшти дека сака да го направи 9 мај 2025 година „најголемиот празник во својата историја“, во контекст на подигање на патриотските и воените вредности во време на конфликтот во Украина.

- Реклама -