На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

DW

Германија може да го одржи својот просперитет само со помош на имиграцијата. Во спротивно, како што покажува студија, на пазарот на трудот му се заканува голем пад. Во наредните години годишно ќе бидат потребни околу 288.000 странски работници.

На долг рок, германскиот пазар на труд секоја година „во значителна мера“ зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман.
„Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на странски работници, особено од трети земји, станува сe поважна.

Според студијата, без дополнителни имигранти, бројот на работници ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони. До 2060 година, тој број, без дополнителна имиграција, може да се намали за една четвртина, на само 35 милиони.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерациите кои моментално работат, ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман.

„Се разбира, првиот приоритет е да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето кои веќе се населиле – како и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не можат да се задоволат сам на овој начин“, вели Шулц.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Реформираниот закон за имиграција за квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена „култура на добредојде“ во институциите, фирмите и заедниците, како и долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година, нема да бидат подеднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостатокот на имиграција.

Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и регионот Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во германските провинции зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.

Со оглед на тоа што структурните промени се рефлектираат поинаку, најмногу странски работници ќе бидат потребни во оние провинции каде што до 2040 година зголемувањето на потребите за работна сила ќе биде поголемо од намалувањето. Ова особено важи за Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Берлин и Хамбург.

МИА

- Реклама -