Хоспитализиран министерот за здравство Таравари, вчера ненадејно колабирал

Министерот за здравство Арбен Таравари сподели дека е во болница откако вчера доживеал колапс. Тој, како што објави на Фејсбук, е се уште под опсервација на лекарите.

-Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите. Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас, напиша Таравари на Фејсбук.

Прочитајте и:  Министерство за здравство: Таравари е дома и е добар, едноставно кобалирал од премор
- Реклама -