Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година во областа на воспитанието и образованието ќе ја добие универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, а во областа на културата и уметноста – писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.

Како што соопшти Министерството за култура, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, под претседателство на Томислав Османли, ја донел одлуката за годинашните лауреати.

„Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија“, велат од Министерството за култура.

Годинашните лауреати ќе ја примат наградата на 8 декември 2024 година во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

- Реклама -