„Би сакале да почнеме со нашиот предлог во Министерството за јавна администрација, односно на оние органи што се поврзани со ова министерство, а ќе се однесуваат на кратење на дел од управните одбори“, рече министерот за јавна администрација
Имаме преголема и пребавна јавна администрација. Во рамки на новите законски решенија, на што работи работна група во Министерството за јавна администрација, ќе понудиме неколку решенија, кои како пилот-проекти ќе се однесуваат на делумно кратење на јавната администрација. Ова денеска го рече министерот за јавна администрација Горан Минчев, на 16. Министерски состанот на Управниот одбор на Регионалната школа за јавна администрација што се одржува во Скопје.
„Би сакале да почнеме со нашиот предлог во Министерството за јавна администрација, односно на оние органи што се поврзани со ова министерство, а ќе се однесуваат на кратење на дел од управните одбори“,
рече тој.
Според него, реформата во јавната администрација не е процес што може да заврши брзо оти потребно е носење на закони, што мора да бидат содржајни, квалитетни и применливи, за потоа да следи вторатат фаза, односно примената на овие закони.
Најавените законски решенија, поврзани со вработувања и унапредувања во јавната служба, посочи дека се очекува да бидат во валидна процедура до крајот на годината, а во собраниска процедура во јануари идната година.
За реформите во јавната администрација Минчев најави и дека се користи и меѓународно искуство.