Да се совладаат диџејските вештини не е тешко овие денови, благодарение на дигитализацијата на музиката. Неместо да користите олд скул грамофони, сега можете да миксате само со лаптоп и диџејски софтвер, а еве и неколку гаџети совршени за сите оние што се спремаат да станат DJ-и.
Да се совладаат диџејските вештини не е тешко овие денови, благодарение
на дигитализацијата на музиката. Неместо да користите олд скул
грамофони, сега можете да миксате само со лаптоп и диџејски софтвер, а
еве и неколку гаџети совршени за сите оние што се спремаат да станат
DJ-и.
За DJ кој е секогаш во брзање. Овој портабл медиа плеер е со потполна професионална DJ функционалност, можете да ги припремате и преслушате музичките сетови на секое место и да ја складирате целата музичка библиотека на ова практична направа со 1.75 инчен LCD во боја. Сите миксови се зачувани на хард драјвот од 120GB и можат да се аплаодираат на интернет преку Pacemaker Editor-от.
На овогодинешниот Mobile World Congress, NXP Software го претстави LifeVibes MixDJ FX софтверот кој ќе биде вклучен во првиот телефон со музички ефекти во диџејски стил: Samsung Beat Edition GT-M7600. Софтверот му дозволува на идните диџеи да ги покажат своите способности, да креираат сопствена верзија на нивните омилени песни, да снимаат и да споделуваат траки и да ги користат своите миксови како рингтонови. Софтверот ги има истите звучни ефекти кои вообичаено се наоѓаат на професионалните диџејски конзоли за создавање аудио фајлови кои инстантно можат да се скречираат.
Потребен ви е начин да ги трансформирате вашите винили во дигитални фајлови? Тогаш ова е гаџетот за вас. Има USB и S/PDIF излези за поврзување со вашиот компјутер и уште некои добри карактеристики за кои можете повеќе да погледнете на сајтот за продажба.
Доколку најпрво би сакале да ги ставиле вашите диџејски способности на тест тогаш можете да ја пробате оваа видео игра на Genius Products and Seven Studios.
Со овој бежичен DJ мини контролер за миксање за вашиот компјутер можете да правите свои миксови и ваши приватни денс забави. Се што ви е потребно за да започнете екомпјутер опремен со музичка картичка, добри звучници и музички фајлови во CD-Audio, MP3, WAV или WMA формат. DJ софтверот е вклучен како и двоен LCD екран кој го покажува името на артистот, траката, битови во минута, поминато време и должина на траката, Automix опција која автоматски ја избира следната песна и забавни звуци и ефекти како аплаузи и сл.($99.99)
На секој добар DJ му се потребни и еден пар одлични слушалки. Ultrasone DJ1 слушалките се со S-Logic Surround Sound Plus технологија за која произведувачите тврдат дека можат да се носат на долги журки без последици врз слухот и други неудобности. Можат да се купат преку Amazon.com по цена од 189 долари.
Опрема со која можете да станете инстант DJ (без тешката работа). Се состои од MixMeister Express Писи софтвер и USB интерфејс, вашите омилени MP3 со влечење ги додавате на плејслистата и софтверот автоматски ги микса. Вие треба само да го подесите звукот кој доаѓа од звучниците од лаптопот или саунд системот. Поврзете микрофон преку USB и можете да додадете и вокали на вашиот микс исто така.
Ниеден диџеј не треба да заборави на светлечките ефекти. Овој систем за осветлување вклучува диско топка со мотор, машина за магла со далечински управувач, стробоскоп и течност за правење магла (чини 109.99 долари).
За оие што сакаат инстантно да направат и измиксаат музика тука е M-Audio Digital DJ Mixlab System. Доаѓа со Torq LE софтвер и X-Session Pro USB контролер, компатибилен е и со Mac и со PC, може да микса MP3s, AIFFs, WAVs и други аудио формати. Можете да го поврзете и со вашата iTunes колекција за траките да ви бидат секогаш и полесно достапни. Се продава онлајн на Amazon.com по цена од 99.99 долари.