Од Porsche стигна потврда дека за време на Салонот за автомобили во Лос Анџелес, на крајот од оваа година, официјално ќе биде претставен нивниот нов модел, Cayman S 2013.
Новата Cayman серија ќе ги користи истите мотори како и другите модели од семејството на Porsche, 2013 Boxter и Boxter S, што значи 2,7 литарски мотор со 6 цилиндри и приближно 265 коњски сили. Cayman S пак, ќе добие 3,2 литарски мотор со приближно 325 коњски сили.
Моторите со 6 цилиндри, според информациите од Porsche, во 2015 година ќе бидат заменети од четири цилиндерски твин-турбо мотори.
За сите дополнителни детали се очекува појавувањето на новиот модел на Porsche на Салонот за автомобили во Лос Анџелес.