Правописни грешки на налепниците на новите автобуси, ќе се заменат пред да бидат пуштени во сообраќај

Забележани се правописни грешки на ориентационите налепници на новите еколошки автобуси кои ги донираше Европската унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што наведуваат во соопштението, налепниците на еколошките автобуси се на македонски, албански и англиски јазик, додека правописните грешки се забележани само на македонски и албански јазик.

– Новите автобуси со компримиран природен гас, кои денеска преку УНОПС беа испорачани на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во Скопје, а се донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“, пристигнаа во Северна Македонија со ориентациони налепници на македонски, албански и англиски јазик од странскиот инвеститор, а на нив се забележани правописни грешки на албански и македонски јазик, се наведува во соопштението.

Прочитајте и:  МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност

Од МЖСПП додаваат дека веќе се изготвени нови налепници и тие ќе бидат заменети пред да бидат пуштени во употреба шестте еколошки автобуси.

– Грешките се веднаш воочени и изготвени се нови налепници од страна на УНОПС, кои ќе бидат заменети пред пуштањето во употреба на шестте еколошки автобуси, наменети за подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот Скопје, стои во соопштението на МСЖПП.

- Реклама -