Денеска, 25 ноември 2024 година, околу 09:40 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар било пријавено дека при изведување градежни работи на тротоарот на улицата „Живко Брајкоски“, работници од Јавното претпријатие „Водовод“ пронашле пет гранати со должина од околу 30 сантиметри.
Полициски екипи веднаш излегле на терен и ја обезбедиле локацијата. За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување, која презема понатамошни мерки за безбедно отстранување на пронајдените гранати.