Портокалите во десерти почесто се користат во форма на сок, но според овој рецепт за колач се ставаат цели портокали, што го прави слаткото задоволство екстра сочно. Подготовката е повеќе од едноставна и брза, ќе ви заштеди време, а нема шанси да не ви се погоди.
состојки:
3-4 портокали (зависно големината)
100 мл. млеко
100 мл. газирана вода
2 јајца
200 гр. брашно
3-4 лажички шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
половина кесичка прашок за пециво
прстофат цимет
50 гр. црно чоколадо
малку масло
подготовка:
Најпрво ги лупите портокалите и заедно со млекото, газираната вода, јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер ги блендирате убаво. Ја истурате смесата во длабок сад, па додавате брашно со постојано мешање. Ги додавате прашокот за пециво, циметот и маслото, исто така се мешање. На крај го кршите чоколадото на мали парчиња и го додавате во смесата. Откако ќе измешате, ставете ја смесата во набрашнет плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
Направете си го овој колач уште денеска, нема да згрешите!