Фудбалерите на Аталанта го презедоа врвот во италијанското првенство благодарение на победата од 3:1 (1:0) на гостувањето кај Парма во послениот саботен натпревар од 13. коло.
Ретеги во 4. минута му донесе предност на тимот од Бергамо на самото отворање на дуелот, Едерсон во 39. зголеми на 2:0, а на почетокот на вториот дел Канчелиери во 49. минута ги врати надежите на домашните за позитивен резултат. Сепак, Лукман во 75. минута спречи неизвесна завршница.
Аталанта сега има 28 бода, како и вториот Интер, кој претходно во саботата како гостин беше убедлива на гостувањето кај Верона. Парма и Верона се 13-ти и 14-ти на табелата со по 12 бода.
Претходно во саботата, Интер оствари сигурна победа од 5:0 (5:0) на гости кај Верона. Тимот од Милано ги разреши сите недоумици околу победникот веќе во првите 45 минути, кога ги постигна сите пет гола против недораснатиот денеска противник. Кореа во 17. минута прв ја затресе домаѓната мрежа, потоа Турам во 22. и во 25. минута двапати погоди за домашните, а работата ја завршија Де Вриј во 31. и Бисек во 41. минута. Во вториот дел „Нераѕирите“ рутински го чуваа резултатот, а Верона продолжи со неорганизираната игра.
Во најголемото дерби на италијанскиот фудбал и најочекуваниот дуел во рамките на 13. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Милан и Јувентус на „Сан Сиро“ одиграа без голови.
Двете екипи покажаа скандалозна неамбициозност, бидејќи во текот на сите 90 минути немаше ниту една поизгледна шанса за гол. Милан, дури, првиот удар во рамките на противничкиот гол го имаше токму во последниот напад на мечот.
Со овој резултат шестиот Јувентус се израмни, Фиорентина и Лацио, сите екипи имаат по 25 бода, но Јувентус го одигра мечот повеќе. На оваа четворка ѝ бега вториот Наполи за само еден бод. Милан, пак, е седми, со 19 бодови.