Роберт Левандовски сака да игра во Шпанија најмалку до 38-годишна возраст. Најдобриот стрелец сезонава во Ла Лига има 36 години.
Според „Diario Sport“, напаѓачот се чувствува одлично во Барселона и Каталонија и е решен да го продолжи договорот.
Актуелниот договор е до 2025 година, но доколку Полјакот учествува на 50% од натпреварите, ќе се активира опцијата за продолжување на уште една година. Се истакнува дека Левандовски сака повеќе. Тој има намера да склучи договор до 2027 година.
Клубот е задоволен од фудбалерот, неговото влијание врз младите во тимот, а исто така и од фактот дека засега постои можност да се одложи потрагата по центарфор на високо ниво.
Оваа сезона, Левандовски има постигнато 14 гола на 13 натпревари во Ла Лига.