Преглед НБА лига: Клиперс ги совладаа водечките Вориорс


Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го совлада водечкиот тим на Западната конференција на НБА лигата, Голден Стејт Вориорс со 102:99, во натпревар кој гостите го отворија со „тројката“ на Линди Вотерс за 3:0 и тоа беше нивното единствено водство на натпреварот.

Клиперс имаа 12 поени предност (25:13) во првата четвртина и +15 (52:37) во втората четвртина, но Вориорс израмнија на 72:72 на крајот од третиот период. Во последната четвртина домашните побегнаа на 10 поени разлика на 2,28 минути пред крајот, но Голден Стејт се доближи на само три поена заостанување од 35 секунди до крајот (99:102).

Откако Клиперс имаа неуспешен напад, Вориорс имаа шанса да победат во продолжение, но не успеаја да погодат „тројка“ во два обида. Прво промаши Стивен Кари, а потоа Гери Пејтон Втори на две секунди до крајот.

Двата тима се мачеа со загубените топки – Клиперс имаа 20, а Вориорс 19, но одличната одбрана на домаќините беше таа што ги задржа гостите под 100 поени, иако нивниот просек сезонава е 121 поен по натпревар.

Норман Пауел ги предводеше Клиперс до седмата победа, со седум порази, со 23 поени, Амир Кофи постигна 15, Џејмс Харден имаше 12 поени и 16 асистенции, додека Ивица Зубац постигна 8 поени, со дури 17 скока и четири асистенции.

Кај Вориорс, за кои тоа беше само втор пораз во 12-те средби, најефикасни беа Кари со 26 поени, седум скока и шест асистенции и Ендрју Вигинс со 22 поени.

Интересно беше и во „Форум Фисерв“, каде димашните Милвоки Бакс со 101:100 ги победија Хјустон Рокетс со кошот на Демиен Лилард на 3,9 секунди до крајот.

Лилард го заврши натпреварот со 18 поени и 10 скока, откако ги пропушти претходните три натпревара бидејќи беше ставен во медицинскиот протокол поради потрес на мозокот. Брук Лопез беше најефикасен во победничките редови со 27 поени, 10 скока, четири блокади и три украдени топки, а солиден учинок пружи и Џанис Антетокунмпо со 20 поени и 13 скока.

За Хјустон, кој ја прекина серијата од пет последователни победи, најефикасни беа Фред ВанВлит со 26 поени, Џејлен Грин со 21 поен и девет скока и Алперен Сенгун со 18 поени и седум скока.

Торонто Репторс ја постигна третата победа сезонава и прва по серијата од седум порази, совладувајќи ги Индијана Пејсерс со 130:119.

Најдобар стрелец на вечерта беше ЕрЏеј Барет со 39 коша, додека австриската ѕвезда Џејкоб полтл додае 30 коша и 15 скока за третиот последователен „дабл-дабл“ и осми во сезоната за 29-годишниот виенчанец. Кај Индијана се истакнаа Бенедикт Матурин со 28 поени и Паскал Сијакам со 25 поени и 10 скока.

Вашингтон Визардс го претрпеа деветтиот пораз по ред, откако загубија од Њујорк Никс со 106:134. Џејлен Брунсон со 26 поени и 11 асистенции и Карл-Ентони Таунс со 24 поени и 12 скока ги предводеа Никс, додека на спротивната страна Карлтон Карингтон, Кори Кисперт и Јонас Валанчиунас постигнаа по 18 поени.

Филаделфија 76ерс имаа 19 поени предност против Мајами Хит (46:27), но на крајот загубија со 17 поени разлика (89:106), останувајќи на само две победи во 13 средби.

Херој на вечерта на тимот од Флорида беше Џими Батлер, кој во враќањето по повредата на скочниот зглоб постигна 30 поени со 10 скока. Сиксерси ги предводеше Џеред Мекејн со 20 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Чикаго 112:122
Торонто – Индијана 130:119
Мајами – Филаделфија 106:89
Њујорк – Вашингтон 134:106
Милвоки – Хјустон 101:100
Феникс – Орландо 99:109
Сакраменто – Атланта 108:109
ЛА Клиперс – Голден Стејт 102:99

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

  1. Бостон Селтикс 11 3.786 —
  2. Њујорк Никс 8 6.571 3
  3. Бруклин Нетс 5 9 .357 6
  4. Торонто Репторс 3 12 .200 8 1/2
  5. Филаделфија 76ерс 2 11 .154 8 1/2

Централна дивизија

  1. Кливленд Кавалирс 15 0 1.000 —
  2. Детроит Пистонс 7 9 .438 8 1/2
  3. Индијана Пејсерс 6 8 .429 8 1/2
  4. Чикаго Булс 6 9 .400 9
  5. Милвоки Бакс 5 9 .357 9 1/2

Југоисточна дивизија

  1. Орландо Меџик 9 6.600 —
  2. Атланта Хокс 7 8 .467 2
  3. Мајами Хит 6 7 .462 2
  4. Шарлот Хорнетс 5 8 .385 3
  5. Вашингтон Визардс 2 11.154 6

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија

  1. Голден Стејт Вориорс 10 2.833 —
  2. Лос Анџелес Лејкерс 9 4 .692 1 1/2
  3. Феникс Санс 9 6 .600 2 1/2
  4. Сакраменто Кингс 8 7 .533 3 1/2
  5. Лос Анџелес Клиперс 7 7 .500 4

Југозападна дивизија

  1. Хјустон Рокетс 10 5.667 —
  2. Мемфис Гризлис 8 6 .571 1 1/2
  3. Далас Маверикс 7 7 .500 2 1/2
  4. Сан Антонио Спарс 6 8 .429 3 1/2
  5. Њу Орлеанс Пеликанс 4 10 .286 5 1/2

Северозападна дивизија

  1. Оклахома Сити Тандер 11 3.786 —
  2. Денвер Нагетс 7 5 .583 3
  3. Минесота Тимбервулвс 8 6 .571 3
  4. Портланд Трејл Блејзерс 6 8 .429 5
  5. Јута Џез 3 10 .231 7 1/2
- Реклама -