Ноќта кон понеделник, хокеарите на Вашингтон Капиталс ги победија Вегас Годен Најтс на гости со 5:2, во рамките на американската НХЛ лига, а апсолутното прво име на средбата беше неуништливиот 39-годишниот руски хокеар Александар Овечкин кој постигна три гола.
Вашингтон во далечната 2004 година како прв избор на драфтот го избра Овечкин, кој сѐ уште го носи дресот на клубот од американската престолнина. Притоа Овечкин многу сезони го предводеше Вашингтон, а понекогаш и целата НХЛ лига во однос на головите.
Со нови три гола Овечкин стигна до вкупно 866 погодоци во кариерата и се доближува до легендарниот Вејн Грецки кој е најдобар на сите времиња со 894 голови.
Сезонава Овечкин веќе постигна 13 гола, со 10 асистенции, а оваа сезона ќе го престигне Грецки доколку продолжи со ова темпо и ќе стане најдобар стрелец на НХЛ на сите времиња. Единствениот кој ја надмина границата од 800 гола во кариерата е Горди Хау со 801 гол, додека на четвртото место е легендарниот Чех Јаромир Јагр со 766 голови.
Грецки е апсолутен рекордер по бројот на асистенции во кариерата. Ги има дури 1.963, додека втор на таа листа е Рон Френсис со 1.249, а трет Марк Месиер со 1.193.