Стоковната куќа John Lewis во својата нова реклама покажува што сѐ некој би направил за да ја искаже својата љубов, кога ќе дојде Божиќ.
Ако на момент заборавите дека се работи за реклама на стоковна куќа во пресрет на празничната сезона, ќе видите дека приказната е доста добра. Песната во видеото е адаптација на “The Power of Love” на Frankie Goes to Hollywood во изведба на 20 годишната Габриел Алпин.