Еден месец притвор добија поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош и бизнисменот Саша Поздер, кои се осомничени за корупција во набавка на болничка опрема.
Истрагата го опфати и шефот на загрепската невролошка клиника „КБЦ“ Крешимир Ротим, за кого судот одреди да се брани од слобода со приложена кауција.
Тројцата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувања, тргување со влијание, примање мито, поттикнување незаконски услуги и злосторничко здружување за продажба на медицински помагала од австриски производител на државни болници.
Премиерот Пленковиќ го разреши Вили Берош непосредно по објавувањето на случајот.